Официјална програма за сезоната 2026
01 Јануари 2026
Уметнички совет
Репертоар
Новата година носи нови предизвици и возбудувања на сцената на МНТ. Годишната програма за 2026 година е внимателно селектирана за да ги задоволи вкусовите на најшироката публика, но и да понуди авангардни и провокативни дела.
Фокусот оваа година е ставен на „Дијалог помеѓу класиката и современото“. Ќе имаме можност да видиме 5 премиери, од кои 3 се дела на домашни автори.
Клучни настани во првата половина од годината:
Февруари
„12“ - Премиера на филмскиот класик во театарска адаптација. Режија: Синиша Евтимов.
Април
„Гласови од иднината“ - Мултимедијален проект со млади актери.
Јуни
МНТ Фест - Интернационален фестивал со гости од Франција, Германија и Италија.
Покрај премиерите, продолжуваат да се играат хит претставите од минатата сезона: „Народен непријател“, „Не се клади на Енглези“ и „Мојот маж“.
Билетите за првиот квартал се веќе пуштени во продажба. Ве очекуваме!