сонце

Сценски спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето“

Made in МNT

Режисер: Дејан Пројковски
Асистент на режисерот: Андреј Цветановски
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Марија Пупучевска
Кореограф: Олга Панго
Асистент на кореографот: Ирена Лозинска
Композитор: Горан Трајкоски
Дизајнер на 3Д-видеомапинг: Сергеј Светозарев
Премиерна изведба: Понеделник, 29 Декември 2025
Пауза: Не
Сцена: Голема

Во пресрет на 80 години од постоењето на Македонскиот народен театар, на 29 декември, на големата сцена, премиерно ќе биде изведен сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“, од истакнатиот режисер Дејан Пројковски.
Претставата е спој на минатото и сегашноста преку клучните вредности на МНТ – љубов, умeтничка храброст, посветеност, визија, тимска работа, чување на традицијата и создавање нови вредности за иднината.
Претставата е аудиовизуелно патување низ македонската драматургија, поезија, проза и ликовна уметност. Емотивна приказна посветена на големите актери, режисери, драматурзи и на сите оние професионалци зад кулисите, задолжени за создавањето на сценскиот универзум во МНТ.

Во претставата учествува огромна актерска екипа од ансамблот на Македонскиот народен театар, оперски пејачи и актери и студенти по актерска игра од Факултетот за драмски уметности и Еуропа Прима во кореографија на Олга Панго и асистент на кореографот Ирена ЛозинскаАсистент на режија е Андреј Цветановски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, за костимите е задолжена Марија Пупучевска, музиката е на композитор: Горан Трајкоски и дизајнер на 3Д-видеомапинг е Сергеј Светозарев.

Публиката ќе биде дел од големо патување во театарот на сонцето. Големиот сценски спектакл ќе спои повеќе изразни средства со акцент на 3Д-видеомапингот. Идејата е преку создавање мултимедијални сцени на оригинален начин, пред сѐ, преку силно визуелен израз да се раскаже 80-годишното театарско постоење на МНТ.
Сценскиот перформанс е инспириран од сѐ она што е важно, амблематично и препознатливо за Македонскиот народен театар, за македонската култура и традиција и за Македонија, воопшто.
„Перформансот е големо патување низ националната драма и сите основоположници на македонската драма и литература. Во претставата ќе бидат претставени сценски слики од највпечатливите моменти на сите големи автори на големата драматика, како и сите оние слики што се втиснати во колективната меморија и традиција. Претставата е аудиовизуелно патување низ македонската драматургија, поезија, проза, песна и ликовна уметност. На сцената преку уметничката визија ќе видиме сценски слики што се значајни за нашиот идентитет, преку кои создаваме мозаик од музика, поезија, приказни, кои го направиле МНТ столб и чувар на нашата култура и традиција“, вели режисерот Пројковски.
Актерска екипа

Во спектаклот учествува огромна актерска екипа од ансамблот на Македонскиот народен театар, соло пејачи, воздушни акробати и балетски играчи.

КРЕАТИВНА И ТЕХНИЧКА ЕКИПА

Асистент на режисерот: Андреј Цветановски
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Марија Пупучевска
Кореограф: Олга Панго
Асистент на кореографот: Ирена Лозинска
Композитор: Горан Трајкоски
Дизајнер на 3Д-видеомапинг: Сергеј Светозарев

Scroll to Top