ноки

Бели ноќи

Ф.М. Достоевски

Режисер: Звездана Ангеловска
Сценограф: Мартин Манев
Костимограф: Роза Трајческа-Ристовска
Композитор: Марјан Неќак
Премиерна изведба: Четврток, 17 Октомври 2024
Времетраење: 105
Пауза: Не
Сцена: Мала

Идејата за создавањето на претставата „Бели ноќи“ е поттикната од потребата да се создаде камерна театарска сценска верзија според истоимениот сентиментален роман на Ф. М. Достоевски, каде што главните ликови Сонувачот и Настењка, тука се архетипови на две уметнички души сонувачи.
Заробени со своите биографии во реалните животи, како што обично тоа се нарекува и судбинско определување на текот на настаните, тие двајцата, се сретнуваат, во текот на неколку вечери, додека траат белите ноќи во Петербург. Во текот на тие средби, Сонувачот, кој е и вистински уметник и на кого светот на музиката е неговата лулка и неговата најголема слобода, го отвора прашањето за, сонување, на животот, онаков каков што би требало да биде, според него. Тој го поттикнува нивното, заедничко сонување, со Настењка, која заради многубројните, забрани, низ животот, таа, пак, најслободно се чувствува додека танцува, особено што има 18 години. Тие двајцата, се доверуваат и се препуштаат на сонувањето, во текот на тие средби, без разлика што околностите се заплеткани, особено кога станува збор за љубовта или за идеалната љубов.
Од друга страна, самиот автор Достоевски го наметнува прашањето: дали секој човек може да ги следи своите соништа и дали самите си ја даваме таа слобода и го правиме тој избор за да бидеме слободни и автентични? Или се препуштаме на волјата на општествените норми, стереотипи, морални кодекси и граѓански расудувања, каде што сопствените соништа си ги уништуваме, па дури и љубовта си ја продаваме, или стануваме нејзини предавници, за само да бидеме на местото на општоприфатените социјални, морални, граѓански, па и културолошки норми? Дали со тоа несвесно, но сепак неуморно се искачуваме до врвовите на материјалните светови, но по духовноста и слободата остануваме просечни и набрзо остарени, уште во својата младост, следејќи го патот на себенепризнавањето, и неприфаќањето, на сопственото јас?
И според делото на Достоевски, а и според претставата, се потсетуваме дека изгледа малкумина ја имаат храброста, но и можноста, да го следат својот сон, идеалот, без разлика каков е, така што улогата на Сонувачот или, анонимниот уметник, во претставата е само пример за тоа, (дури и кога е непризнаен, а може и да е само обична уметничка душа, како што е улогата на Настењка)… дека сепак вреди да се одигра таа улога или да се отсонува тој сон, па макар и за еден миг на блаженство. Тој еден единствен миг на среќа, блаженство, секогаш ќе свети и ниедна тага, болка, прекор или гнев, не ќе може да го растопи.
Но, најчесто, уметникот, сонува Сам, па макар и тој Сон да е: да се сретне со Некого.Претстава која го третира феноменот „спортско обложување“. Текстот во суштина се занимава со прицините и последиците од истиот. Бескрајно долгата транзициска беда, надежта на пониските социјални слоеви за брза заработка, дегенерација на нацијата итн.

Жанровски претставата е комедија, но во текстот може да се насетат и болните аспекти на девијантната појава, обложувањето. На секундарно ниво оваа претстава ја истражува и границата помеѓу човековата себичност и искреното пријателство.

Сашко Коцев на прес-конференцијата рече дека проектот е почнат во 2010 година, со истата актерска екипа, но поради обврски е пролонгиран за септември 2013 година.

– Текстот е многу примамлив. Хит е во Белград и Загреб и веќе шест-седум години се игра. Дејството се случува во едно маало, со препознатливи ликови и ситуации. Еден многу важен феномен кај нас е обложувањето, – рече Коцев и додаде дека текстот е напишан на сленг.

Микиќ истакна дека насловот е цитат од човек кој се споменува 20 или 30 пати во претставата, со специфичен говор и затоа е изведен насловот.

Според Митковски, темата на претставата е карактеристична за постранзициските држави во регионот каде, како што рече, игрите на среќа заземаат доминантно место во животите на голем дел од луѓето и претставуваат единствена надеж за заработка и за подобар живот.
– Ова е актерска претстава. Се работи за еден текст кој до максимум може да ги доведе актерските можности. Трите фантастични ролји се работени низ документарна призма, – потенцира режисерот Евтимов. Додаде дека претставата е и за пријателството, за нарушените односи во цивилизацијата, во човештвото.

 Звездана Ангеловска, режисер

Актерска екипа

Ана Јовановска
Дамјан Цветановски

КРЕАТИВНА И ТЕХНИЧКА ЕКИПА

Сценограф: Мартин Манев
Костимограф: Роза Трајческа-Ристовска
Композитор: Марјан Неќак
Извршен продуцент: Симона Угриновска
Продуцент: Дамјан Цветановски
Инспициент: Вукица Александрова
Дизајнер на плакатот и програмскиот каталог: Димитар Димитров
Фотограф: Кире Галевски
Уредници на програмскиот каталог: Мила Анѓелковиќ и Ивана Јарчевска
Лектор на програмскиот каталог: Тодорка Балова
Дизајнер на светло: Игор Митревски
Тон-мајстор: Александар Арсиќ
Гардеробер: Валентина Чонкова
Реквизитер: Боби Гелиќ
Шминкери и фризери: Моника Вучковиќ и Бранка Пљачковска
Декоратери: Дурмиш Сафер и Ибрахим Рамановски
Изведувачи на сценографија: Татјана Христоска (раководител на работилница), Ангел Петровски (вајар) и Зоран Миновски (бравар)

Scroll to Top