Ангели во Америка
Тони Кушнер
Режисер: Во режија, превод и кореографија на Филип Петковски
Продуцент: Петар Антевски
Сценограф: Мартин Манев
Костимограф: Антонија Гугинска-Јорданоска
Асистенти: Оливија Трајковска и Антонија Белазелковска
Претставата се реализира како копродукциски проект меѓу Македонскиот народен театар и Здружението за афирмација на театарската уметност „Пресврт“ – Скопје.
Претставата е подржана од Министерството за култура на РС Македонија, Europe House Скопје, Коалиција „Заедно посилни“ и Германската амбасада во Скопје.
Премиерна изведба: Понеделник, 01 Септември 2025
Времетраење: 160 минути
Пауза: Не
Сцена: Голема
Кога зборуваме за големите американски драмски текстови, најчесто ги спомнуваме великаните како Тенеси Вилијамс, Артур Милер или Дејвид Мамет, чии дела се сè уште продуцирани во сите театри низ светот. Во 1991 година, инспириран од случки од неговиот приватен живот, Тони Кушнер ја пишува Ангели во Америка: Среќна фантазија на национални теми— дело кое засекогаш ќе ја промени светската театарска историја, а Кушнер ќе го смести како еден од највлијателните американски драматурзи. Претставата ја добива Пулицеровата награда за драма, наградата Тони, како и речиси сите други значајни признанија во театарот, токму поради нејзината способност да го претвори театарот во моќна алатка за општествени коментари, комбинирајќи извонредна драматуршка структура, акцент на актерската игра и симболични сцени кои и денес звучат релевантно.
Приказната се случува во Њујорк кон средината на 1980-тите, кога со САД владее Роналд Реган – ера обележана со конзервативна политика која промовира таканаречени „семејни вредности“ и тивка, но погубна, јавна незаинтересираност за епидемијата на сида. Во овој политички и општествен превир, Кушнер се фокусира на четири геј ликови: Прајор Волтер, кој штотуку дознава дека е ХИВ-позитивен; неговиот партнер Луис, кој се бори со стравот од болеста и немоќта да му помогне на партнерот; Џо Пит, Мормон и скриен геј маж кој се справува со својата религија и сексуална ориентација; и Харпер, неговата сопруга која е зависна од апчиња и често бега во свет на халуцинации за да го издржи распадот на нивниот брак. Овие приказни се испреплетуваат и со реални историски личности, како познатиот адвокат Рој Кон кој јавно ја негирал сопствената хомосексуалност, но на крајот умира од сида.
Наместо да се фокусира на стереотипни и комични прикази на квир луѓето, претставата се фокусира на приказни за љубов под незамислив притисок, за страв и храброст, за вера и сомнеж, за човечката потреба да се најде надеж дури и кога светот изгледа решен да ја уништи. Сидата во оваа претстава не е само болест – таа е и симбол за начинот на кој општеството се однесува кон сите оние кои се ранливи, особено во ситуации кога е политички „погодно“ да ја свртиме главата настрана.
Претставата не се препорачува за лица помлади од 16 години.
Оваа активност е поддржана од проектот Култура за развој на Владата на Швајцарија и е имплементирана од Хартефакт фонд. Изнесените ставови во оваа претстава се единствена одговорност на авторите и не мора да ги одразуваат ставовите на Владата на Швајцарија или на Хартефакт фонд.
Претставата е подржана од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, Europe House Skopje, Германската амбасада во Скопје, Здружението Заедно посилни и Gilead Sciences Europe LTD.
Актерска екипа
Јордан Симонов
Тања Кочовска
Наталија Теодосиева
Дамјан Цветановски
Стефан Спасов
Александар Стоименовски
Илин Јовановски
Нела Павловска
КРЕАТИВНА И ТЕХНИЧКА ЕКИПА
Автор: Тони Кушнер
Режисер: Филип Петковски
Сценограф: Мартин Манев
Костимограф: Антонија Гугинска Јорданоска
Дизајнер на светло: Дарко Младеновски
Дизајнер на постер: Ивана Мојсовска Головска
Дизајнер на звук: Давид Николовски
Кореограф: Иван Ангелковски
Фотографија и камера: Марко Марјановиќ
Визуелен дизајн: Ивана Мојсовска Головска
Камера и монтажа: Борјан Стојков
Асистенти: Оливија Трајковска и Антонија Белазелковска
Инспициент: Вукица Александрова
Продуценти: Петар Антевски и Филип Петковски
Суфлер: Мирослав Атанасовски
Светло-мајстор: Горјан Темелковски
Тон-мајстор: Александар Арсиќ
Манипуланти: Васко Бојаџиски, Трајче Тасевски и Горан Димов
Реквизитери: Соња Крстевска и Данил Цветковски
Гардеробери: Валентина Чонкова, Скендер Бериша и Елизабета Стамчевска
Шминкери и фризери: Бранка Пљачковска и Лора Спасовска
Декоратери: Ибрахим Рамановски, Дурмиш Сефер,
Нерхан Османовски и Горјан Здравевски